Научниците откриле нов човечки вид кој фрла поинаква светлина на еволуцијата

320

Авторите истакнуваат дека ова откритие ги предизвикува долгогодишните модели на човечката еволуција, покажувајќи поголема разновидност меѓу древните популации во Источна Азија.

Колку е комплицирана еволуцијата на човечкиот вид, можеби најдобро потврдуваат вестите кои доаѓаат од Кина. Таму, тим од научници пронашол остатоци од 16 индивидуи за кои утврдиле дека припаѓаат на сосема нов човечки вид.

Наречен Homo juluensis, овој вид живеел и исчезнал во Кина пред приближно 200.000 години. Остатоците се пронајдени на местото Xujiayao, а она што ги прави посебни се големите и широки черепи и преголемите заби кои се поблиски до карактеристиките на неандерталците отколку на современите луѓе. Но, кога научниците ги споредиле откриените остатоци со оние на неандерталците, откриле значителни разлики.

Додека черепите на современите луѓе се околу 82 кубни инчи, а на неандерталците околу 88 кубни инчи, Homo juluensis има череп помеѓу 103 и 109 инчи што е значително поголем.

Заедно со остатоците, пронајдени се камени алатки, животински коски и артефакти кои научниците допрва треба да ги истражат. Тие веруваат дека Homo juluensis биле вешти ловци кои ловеле диви коњи. Ги служеле како извор на храна, но и материјал за облека. Истражувачите веруваат дека живееле во мали и изолирани групи, што можеби придонело за нивното исчезнување.

Од особен интерес е тоа што, иако нема врска со неандерталците, Homo juluensis дели некои забни сличности со древното население кое живеело во Сибир, Денисовците. Сличностите се толку големи што научниците шпекулираат дека Денисованците можеби се популација од лозата Homo juluensis.

Анализата на остатоците и околните наоди укажува дека исчезнувањето на Homo juluensis најверојатно се случило поради комбинација на еколошки предизвици, но и појава на нови видови, пред сè, модерни луѓе.

Во студијата објавена во списанието Nature, авторите истакнуваат дека ова откритие ги предизвикува долгогодишните модели на човечката еволуција, покажувајќи поголема разновидност меѓу древните популации во Источна Азија.