Играта на песок ја поттикнува моториката

23

Воздухот, солената вода и умереното сонце се повеќекратно корисни за децата, како и игрите на плажа.

Децата уживаат додека со греблата, лопатчињата и кантичките си играат во песокот, правеќи кули и градови. Но, оваа активност не е само чиста забава, бидејќи експертите истакнуваат дека тоа е одлично и за развивање на фината детска моторика.

Децата градејќи кули од песок вежбаат да прават ситни движења со рацете, тие несвесно се обидуваат да воспостават добра координација меѓу прстите и очите, а со секое движење се се подобри.