Зошто треба да вклучите семки од тиква во менито

1435

Тиквата е позната по својата ниска калориска вредност и здравствени придобивки, но не само дебелиот дел на плодот е за јадење. Всушност семките исто така се вистински еликсир на здравјето и не брзајте да ги фрлите!

Како и повеќето ореви тие се заситени со многу витамини и корисни масти, а еве и неколку причини да ги вклучите во менито:

Богати се со магнезиум

Една четвртина чаша семки содржи половина дневна доза магнезиум потребни на телото. Магнезиумот е важен за коските и мускулите, како и за издавање на крвните канали.

Богати се со цинк

Цинкот помага за добриот сон, го зголемува имунитетот, сензитивността и здравјето на очите. Исто така го контролира инсулинот и помага на машката плодност.

Омега-3 масни киселини

Суровите јатки, вклучувајќи и семки од тиква се исклучително богати на оваа супстанција што ги храни ткивата, органите и мозокот.

Го помагаат сонот

Семките од тиква се богати со трипотофан – амино киселина врз основа на протеинот кој телото го трансформира во серотонин (хормонот на среќата), а потоа и во мелатонин – “хормонот на сонот”.

Машко здравје

Мажите кои сакаат да имаат здрава проста, треба да јадат семки! Цинкот во нив е важен за господата и лесно ќе си го набават преку нив.

Антиинфламаторно дејство

Докажано е дека овие семки имаат силен анти-инфламаторен ефект.