50 работи за сексот кои мора да ги знаете (4)

1769

Сексот веќе одамна не е табу тема и луѓето многу пооотворено ги споделуваат своите искуства кога е истиот во прашање.

За да можете целосно да се препуштите на страстите и да уживате во него, треба да бидете свесни дека тоа е нешто кое го правите затоа што навистина го сакате, а не затоа што морате или на тој начин сметате дека ќе задржите некого до себе.

Глумењето, сексот без заштита или сексот кој ви причинува болка се нешта кои навистина не треба да бидат дел од вашиот живот и колку порано го сфатите тоа, толку ќе се чувствувате подобро.

Ова се работите за кои еден ден ќе помислите дека ќе беше многу подобро да ги знаевте многу порано:

31. Некои парчиња облека ќе бидат упропастени. Без разлика дали станува збор за кинење, дамки или мириси. Тоа е еден од ризиците со сексот.

32. Научи како сама да дојдеш до оргазам. И никогаш не дозволувај никој да те посрами, бидејќи можеш подобро да се задоволиш сама.

33. Во фиоката секогаш имај бонбони за освежување на здивот.

34. Истото важи и за влажните марамици.

35. И завои. Никогаш не се знае…

36. Полово преносливите болести се доста чести и прилично лесно се лекуваат.

37. И токму затоа треба да бидете искрени кон вашиот партнер, гинеколог и себеси и да се тестирате.

38. Да, дури и ако вашиот партнер е од ист пол.

39. Презервативите и превентивните мерки не важат само за хетеросексуалци. Направете го вашиот дел и заштитете се.

40. Ако планирате да купите секс играчка, купете ја веднаш. Сè што треба да правите е редовно да ја чистите.

ПРОДОЛЖУВА …