Еве како на лесен начин можете да изгубите 3 килограми за 1 недела

88

Никој не би ви ги препорачал брзите диети или апчињата кои ви ветуваат совршена линија, па затоа ви нудиме апсолутно природни алтернативи.

Пијте многу вода

Не енергетски пијалаци, смути и свежи сокови – исклучиво вода. Другите течности во себе кријат шеќери и калории кои само ви ја влошуваат ситуацијата. Водата од друга страна, има 0 калории, јаглехидрати и шеќери, па слободно можете да посегнете по чашата кога и да сакате. Неколку парчиња лимон и нане во неа се секогаш добредојдени.

Ослободете се од белиот леб и тестенините

Променете си ја навиката да појадувате леб и да вечерате тестенини и веднаш ќе забележите промена. Фактот што нема да се чувствувате подуено, ви помага во сам старт. Белиот леб заменете го со житарици од цели зрна, а разните сосови за тестенини, како и самите макарони и шпагети – заменете ги исклучиво со свеж зеленчук.

Пијте кафе 1 час пред вежбање

Ова е единствен исклучок кој може да го направите од „воденото правило“ кое претходно го споменавме. Баш како што утринското кафе ве прави попродуктивни, така испиеното кафе пред тренингот ви го забрзува метаболизмот и ви дава енергија. Само, се работи за црно кафе без никакви додатоци.

36 склекови и исчекори секој втор ден

Склековите го обликуваат горниот дел од телото, додека исчекорот работи на задникот, колковите и бутовите. Доволни ви се 3 сета од по 12 вежби секој втор ден.

Спијте дополнителни 30 минути навечер

Тој половина час сон ќе ви даде доволно енергија за да направите вистински избори во текот на денот. Со други зборови, кога сте наспани имате помала желба за шеќери и кофеин кои наводно треба истата да ја зголемат.

Откажете се од еден тип на храна

На пример, ако се откажете од чипс или десерт после вечерата, можете само да одземете неколку калории во текот на денот. Вашето тело нема да забележи толкава разлика, а долгорочните резултати се загарантирани.

Лосос за ручек

Полн е со хранливи состојки кои ги тонираат вашите мускули, а на кожата и даваат беспрекорен сјај. Плус, така нема да посегнете по парче мрсно месо.