Добрите гени не се доволни за убава кожа.
Се бара постојана грижа, одржување и внимание. Добриот сон, правилните козметички производи, заштитата од штетните ултравиолетови зраци и не на последно место точната храна.
Тоа се клучевите на младоста и свежината на вашето лице. Повеќето од вас инвестираат сериозни суми во креми и маски, но ја забораваат важноста на навиките за најдобар изглед на вашата кожа.
Еве и кои се најчестите грешки, кои можат да го уништат лицето, додека се лажете дека правите најдоброто за него:
Јаглехидрати
Ако конзумирате повеќе рафинирани јаглехидрати (како леб, тестенини, слатки, сокови и т.н.) вие го правите лицето попустливо на акни. Овие производи го зголемуваат создавањето на лигавиот себум и црни точки. Обложете се на протеини, зеленчук и цели зрна кои не го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, одговорно за здобивање со акни.
Премногу солено
Имате подуени очи? За тоа е виновна не само ненаспаноста, туку и прекумерната потрошувачка на сол. Солта ги отекува ткивата и дава уморен изглед на кожата. А јодираната сол докажано ја зголемува можноста да се снабдете со акни.
Продолжува на страна 2



















