Алкохол
Алкохолот може да биде најголемиот непријател на вашето лице. Тој доведува до дехидрација, што ја суши и збрчкува кожата многу брзо. Покрај тоа го вади од телото витаминот А, кој помага за регенерирање на клетките. Не треба целосно да се откажувате од алкохолните пијалаци, но ограничете ги, ако сакате да имате убава кожа.
Претерувате со млечните производи
Истражувањата покажуваат дека млекото може да го провоцира појавувањето на мозолчиња, црни точки и дури мали цисти. Хормонот во белата течност пак доведува до затнување на порите. Луѓето со хормонални акни треба да го избегнуваат или да го ограничуваат сериозно приемот на млечни производи.
Кафе
Тешко е да се избегне кафето, но исто така треба да се шие во разумни граници. Повеќе од 2-3 чаши на ден доведуваат до зголемување на кортизолот во телото. Хормонот на стрес докажано штети на кожата предизвикува дехидрација, истенчување и стареење.
Шеќер
Хранливите режими во кои е присутен повеќе шеќер предизвикуваат предвремено стареење на кожните клетки, уништувајќи го колагенот и еластинот во нив.



















