Антибиотиците за време на бременоста се штетни за бебето

1287

Научниците од универзитетската болница “Грејт Орманд Стрит” во Лондон открија дека еритромицинот е поврзан со епилепсијата и церебралната парализа, објави “Дејли Меил”.

Истражувањето го набљудуваше здравјето на бебињата на 200 00 Британки.

Генерално е малку веројатно бебињата на жени кои примаат антибиотици за време на бременоста да развијат епилепсија или церебрална парализа.

Но кај жените третирани со “Еритромицин” веројатноста да родат бебе со една од овие состојби е речиси два пати поголема отколку кај оние кои примаат “пеницилин”.

Студијата покажа дека една третина од идните мајки земале антибиотици за време на бременоста, претежно пеницилин.

На само 7% од жените им бил препишан “Еритромицин” употребен при третманот на уринарни и инфекции на градите, хронични болести или при алергија на пациентката кон “пеницилин”.

И сепак кај 150 жени кои земаат “Еритромицин” се раѓа уште едно бебе со церебрална парализа или епилепсија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.