Има ли нешто пострашно од тоа кога ненадејно ќе почине дете?

1744

Деновиве, во Скопје почина едномесечно бебе, а многу се пишуваше и за ненадејната смрт на тригодишното синче на српски актер. Како да ги намалите ризиците од СИДС?

Науката вели дека тој синдром најчесто се случува кај машки бебиња на возраст од четири до шест месеци, но го има и кај постари деца.

Најчесто ова се случува во сон, но може да се случи и како последица на ретки метаболитички болести за кои не се знаело.

Често се случува причината за смртта да остане неразјаснета. Овој синдром почест е во зимскиот период.

Синдромот на ненадејна детска смрт (SIDS) се смета за состојба кога ненадејно ќе почине дете помладо од една година, а не постои ниту едно објаснување зошто тоа се случило.

Во светот постојат голем број истражувања за причините за ненадејна смрт кај децата затоа што и покрај сите расположиви дијагностички методи и обдукциски наоди, причината останува неразјаснета.

Досегашните истражувања главно покажале дека причините можат да бидат респираторни пореметувања, потоа пореметувања на функцијата на централниот нервен систем, на центарот за контрола на бидната состојба, гушење предизвикано од регургитација на желудочната содржина и аспирирање во дишните патишта, како и пореметување на срцевиот ритам.

Продолжува на страна 2