Жени, ве молам правете редовно пап тест, мојата сопруга почина за 6 месеци затоа што не го направи на време.
Дона дознала дека има рак на матката. Наскоро ракот се проширил на лимфните јазли во пределот на препоните. По шест недели од хемотерапијата, таа ја изгубила битката со оваа болест. Починала во рацете на нејзиниот сопруг опкружена од четирите деца и блиското семејство.
По оваа трагедија, нејзиниот сопруг на една од фејсбук страните за поддршка на жените болни од рак на матка, ја споделил својата приказна и упатил апел до сите жени да се грижат за своето здравје.
– Мојата прекрасна сопруга, мојата најдобра пријателка, мајката на нашите прекрасни 3 дечиња, мојот свет, мојата сродна душа и мојата суштина, дозна дека има рак на матката. По брзи прегледи, лекарите констарирале дека болеста се проширила.
Тешката борба против ракот, вклучувајќи ја и шестнеделната радиотерапија моравме да ја прекинеме заради компликациите, таа дијагноза и го одзеде животот. За жал, мојата прекрасна жена почина на свои 32 години и тоа во мојата прегратка, опкружена од нашите дечиња, нејзините родители, братот и сестрата.
Оваа денес го споделувам со вас, за да ги охрабрам сите оние кои ќе го прочитаат ова, за да се грижат за сите жени, за сите жени во нашиот живот, редовно да прават пап тест и преглед на гинеколог, и никогаш да не ги прескокнуваат.
Мојата прекрасна сопруга овие прегледи ги одложуваше од причини за кои повеќе и не се сеќавам. Верувајте ми, сакам да се вратам назад и да можам да ја одвлечам на преглед.
Знам дека многу од вас жените со години не биле на овој преглед. Овој тест трае само неколку минути, но последиците од избегнувањето можат да ви го уништат животот, а со тоа и животот на најблиските.
Јас секој утро се будам сам. Сам ги чувам децата. Ништо повеќе нема да биде исто. Мојата сопруга испушти да го направи последниот тест, а тоа го плати со својот живот.
Да не дозволиме и другите семејства да поминуваат низ таква болка со каква со соочувам јас секој ден. Да се бориме против ракот заедно бидејќи раното откривање, спасува живот.
Не одложувајте!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















