Животинската популација која егзистира во шумите се намалила за 50 отсто во последните 50 години, пренесуваат светските медиуми.
Причина за тоа е нелегалниот лов, климатските промени и болестите кои се закануваат на врсти како приматите, рептили и птици.
Од 1970 година, популацијата на примати и големи птици се намалила за алармантни 53 отсто, а најголема закана за нив е тоа што се уништува нивното природно живеалиште.
Шумските пожари, наводнувањето и неконтролираната сеча на шумите се неколку од причините за ваквата загрижувачка ситуација.
Најмногу на удар е животинскиот свет кој живее во шумите на Амазон, а алармот е вклучен за да се сопре уништување на шумските предели, за да може да се спаси некој редокј вид на животно.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















