Истражувањето спроведено врз основа на собрани податоци во рамки на анкетата која ја спроведе сајт за запознавање покажа дека мажите и жените од педини земји се подобри љубовници од некои други нации.
Во анкетата учествувале 22.753 испитаници кои биле должни да ја оценат последната личност со која имале секс од 0 до 10, но и да наведат од која земја е таа личност. Во предвид биле земани само хетеросексуални лица.
Најдобро рангирани, кога се мажите во прашање како партнери се Австралијанците, Јужноафриканците и Американците, со оцена осум. Жените кои се оценети со оцена осум се Канаѓанките, Французинките, Италијанките и Американките.
На машката листа понатаму се нашле Канаѓаните, Французите, Индијците, Италијанците и Шпанците со оцена седум. Една помалку добиле Британците, додека поразителни четворки имаат Новозеланѓаните, пишува Independent.
Кога се жените во прашање, резултатите малку се разликуваат. Со седумка се оценеи припадничките на поубавиот пол на Германија, Индија, Јужна Африка и Велика Британија, а како полоши љубовнички се покажале Австралијанките, Новозеланѓанките и Шпанките.