Има ли нешто пострашно од тоа кога ненадејно ќе почине дете?

2029

Најчести фактори кои доведуваат до СИДС, од американскиот национален здравствен институт, наведени се следниве:

  • Бебето тешко се буди
  • Потешкотии на организмот да го детектира вишокот на јаглероден диоксид во крвта
  • Спиењето на стомак или на колк
  • Спиење на исклучително меки површини
  • Спиење со родителите
  • Прерано раѓање или мала тежина на раѓањето
  • Изложеност на бебето на чад од цигари – и во текот на бременоста и по раѓањето
  • Недоволна пренатална нега
  • Сиромаштија
  • Тоа што е бебето едно од близнаци или тројки, четворки, итн.
  • Кратко растојание помеѓу бременостите

Превенција

LiveScience пишува за препораките на Американската педијатриска академија.

Стручњаците советуваат:

  • Бебето да спие на грб (Спред податоците на Аериканската педијатриска академија, тоа ја наалува веројатноста за СИДС дури за 50%)
  • Детето би требало да спие на потврда подлога.
  • Бебето не би требало да спие во ист кревет со родителите, но креветчето треба да биде во истата соба
  • Во креветчето не би требало да има перничиња, непотребни ќебенца и кадифени играчки.
  • Температурата во просторијата не би смеела да биде превисока
  • Не користете производи кои можат да се најдат на пазарот, а кои се рекламираат како превентиви за синдромот на ненадејна срт затоа што ниту еден од нив не е одобрен од надлежните институции ниту пак е тестирана нивната безбедност и ефикасност
  • Не го терајте бебето да користи цуцла, но доколку сакате, дајте му ја во текот на дремењето или спиењето.
  • Се препорачува и доењето како одлична заштита затоа што така се намалува веројатноста да се развијат инфекции на дишните патишта.

Освен кај доенчиња и мали деца, од синдром на ненадејна смрт, секоја недела во Британија умираат во просек 12 млади луѓе на возраст до 35 години.

Се верува дека има 130 000 луѓе кои имаат недијагностицирани проблеми со срцето, кои може да завршат со ненадејна смрт.

80% од нив, немаат никакви тешкотии или симптоми кои би укажале дека нешто не е во ред.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.