ХОРОСКОП | Кој прави селфи, а кој игнорира сè околу себе

122

Овен – На секои 10 минути прашува: Стигнавме?

Бик – Штом ќе седне во автомобилот веднаш ги вади сендвичите и колачите.

Близнаци – При прва прилика се кара со сопатниците.

Рак – Не е задоволен со музиката што ја одбрал возачот и веднаш си ги става слушалките.

Лав – До првата кривина прави 100 „селфи“ и објавува „стори“ на Инстаграм, затоа што неговите пријатели мора да знаат каде оди.

Девица – Задолжена е за навигација.

Вага – Се обидува да го смири Близнакот, ама не може да одлучи дали вмешување во неговата кавга е паметен потез.

Скорпија – На цел глас пее.

Стрелец – Главен возач. Само што тргнал, веќе размислува каде би можел на враќање да сврти и да открие некоја нова локација.

Јарец – Едвај чека да стигне зашто не може да ги поднесе кривините и пеењето на Скорпијата.

Водолија – Игнорира сè околу себе и спие.

Риба – Завиткана во ќебе замислено гледа низ прозорецот.