4 грешки на првиот состанок

1231

Вкупно 17 милиони луѓе во Велика Британија се без партнер, иако околу половина од овие луѓе сакаат долгорочни односи.

Истражувањата покажуваат дека секој десетти човек се соочува со сериозни тешкотии на првата средба. Една петтина од испитаниците признаваат дека не се чувствуваат вљубени.

За тоа Барбара Блумфид, автор на книга за терапија за парови со проблеми, ги откри најчестите грешки кои двата пола ги прават на првата средба.

1. Секогаш мислите дека излегувате со “совршениот”

Луѓето доаѓаат кај мене и ми велат: “Сакам да го / ја најдам”, вели психологот, според која е малку веројатно да се сретне човек кој е идеален. За ова веројатно сте пропуштиле многу луѓе кои се добри за вас.

2. Не водите значајни разговори

Луѓето кои одат по средби треба да се научат да бидат заинтересирани. Најчесто оние кои остануваат сами имаат навика да водат монолози со себе.

3. Не се чувствувате сигурни

“Луѓето одат по средби, бидејќи се чувствуваат фрустрирано, а тоа е многу погрешен приод”, објасни експертот. “Облечете нешто удобно и одeте на средба”, советува таа.

4. Не сте чесни по првата средба

Многу од врските се збунувачки, бидејќи луѓето биле премногу срамежливи или загрижени да не бидат отфрлени. Ако сакате да го видите човекот повторно, кажете му го тоа”, советува Барбара.

Оценете ја врската, ако човекот не е за вас, не го оставајте во незнаење. Секогаш можете да бидете искрени и да кажете дека меѓу вас нема доволно заеднички нешта. Да, можете да го разочарате, но ќе бидете искрени. Повеќето луѓе се срамежливи и несигурни и ги оставаат работите да висат во воздух или немаат доволно голема храброст да го побараат човекот повторно.