Што открива вашата омилена поза во креветот за вашата врска? 

3543

Иако има повеќе од 600 пози во сексот, просечна двојка вежба од две до три.

Нема никој што може да се нарече најдобар; сето тоа зависи од висината и градбата на партнерот, индивидуалните преференци, расположението на партнерот и фазата на врската, пишува „Daily Mail“.

Можете да научите многу за вашиот сексуален живот и врска ако секогаш или скоро секогаш ја одбирате истата поза, вели познатата британска експертка за секс и врски Трејси Кокс.

Мисионерска поза

DIME TU POSICIÓN SEXUAL FAVORITA Y TE DIRÉ CÓMO ERES – 40 Grados Men's Club

Лоша вест

Ова е најпредвидливата и најздодевната сексуална позиција во светот. Ако секогаш водите љубов на мисионерска позиција, тоа може да значи дека сте груби и незаинтересирани за „другата половина“. Бидете искрени со себе – дали вашиот партнер не ве привлекува како порано или врската во која сте лишени од страст?

Ако „другата половина“ инсистира на мисионерска позиција, обидете се да откриете зошто.

Жените кои секогаш ја избираат оваа позиција за водење љубов се обично несигурни и сакаат да му угодат на партнерот. Исто така, мисионерската поза ја претпочитаат дебели или жени кои неодамна родиле, бидејќи така тие го свртуваат вниманието на својот партнер од нивните физички несовршености.

Добра вест ⇓

Оваа поза обезбедува удобност и може лесно да се прави дој покривачот. Ако само повремено користите мисионерска позиција, тоа значи дека вие и вашиот партнер ве поврзува силно чувство на блискост. Вашиот сексуален живот е можеби досаден, но затоа вашиот љубовен живот е во фантастична форма!

Продолжува на страна 2