По синоќешниот земјотрес, Етна еруптира | Видео

99

Етна повторно започна да работи, а минатата ноќ е забележана ерупција и се појави снимка на која се гледа како лава тече од вулканот.

Според Националниот институт за геофизика, пепелта летала до 4.000 метри во висина, а ерупцијата започнала во 19.15 часот во југоисточниот кратер.

Лавата се спушта во правец на Вале дел Бове.

Оваа активност генерирала вулкански облак кој се ширел во правец исток и југоисток и формирал слој на вулканска пепел на источните страни на вулканот.

Синоќа околу 19 часот беа забележани вулкански земјотреси.

Камерите за видео надзор забележаа два различни текови на лава: едниот на исток, внатре во Вале дел Бове, другиот на север.