Мажите можат да ја зголемат својата плодност на овие начини

118
Бидете активни, но не претерувајте

Последните неколку години многу истражувања докажаа дека машката плодност опаѓа.

Тоа е лоша вест за оние кои сакаат да имаат потомство, но постојат неколку начини на кои мажите може да ја сочуваат, па дури и зголемат истата.

1. Намалете го стресот

Стресот влијае на хормоните кои се важни за производство на спермата. За да се ослободат од стресот, мажите треба да разговараат со своите партнерки, да вежбаат или да се занимаваат со некое хоби кое ги опушта.

2. Не претерувајте со алкохолот

Преголемото количество на алкохол го намалува бројот на сперматозоиди и квалитетот на спермата. Ако започнете да пиете умерено или ако целосно го оставите пиењето, ќе ја подобрите плодноста.

3. Оставете ги цигарите

Уште една причина да се откажете од пушењето: пушачите имаа помал број на сперматозоиди и помала раздвиженост на истите.

4. Хранете се здраво

Антиоксидансите кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот го подобруваат целокупното здравје, а со тоа и здравјето на сперматозоидите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2