Овен – секогаш тежнее да остави најдобар можен впечаток, вистински да заблеска.
Доблести
Без разлика дали станува збор за закажан работен состанок или само социјална одговорност, вашите партнери во дијалог ќе бидат воодушевени од вашата директност и искреност.
Поседувате голема движечка, стимулиативна и витална енергија. Сакате слобода, независност и самостојност. Енергични, импулсивни, се залагате за лидерство и во секоја ситуација во која ќе се најдете себе си, сакате да ја преземете одговорноста. На животот му пристапувате смело, директно и цврсто. Чувствата ви се силни, страстни и длабоки. Со својот голем магнетизам силно го привлекувате спротивниот пол.
За да постигнете хармонија во својот живот, ќе треба да воведете строга контрола на емоциите, особено на гневот и љубомората. Вашата планета, Марс, бара самодисциплина, особено заради динамичката сила која во себе ја имаат сите личности со ознака оган.
Маани
Негативната страна на Овенот е што вашата иницијатива (што е за пофалба) знае да премине во избрзаност, а храброст – во непромисленост, и заборава на можните последици. Вашите силни емоции стануваат понекогаш неконтролирани. Сепак, ако успеете тоа да го надминете со вродената комбинација на бестрашност и самодисциплина, која понекогаш заборавате да ја користите, можете да се развиете во една блескава, многу квалитетна личност.
Обидете се сѐ да правите со посебна учтивост, бидејќи вашите манири кои знаат да бидат многу замачкани, поради рефлексијата на опозициониот знак на Вага (Земјата на Овните се наоѓа во Вагата), нема да остави никого рамнодушен, а вие ќе се чувствувате добро, поради сознанието дека другите имаат доверба во вас, и вашата секогаш изразена желба да не ги разочарате.



















