БИК | Доблести и маани

2073

БИК – Поседувате една извонредна карактеристика, од која е потребно само да издувате малку прашина за да заблескате во полн сјај, а тоа е вашата упорност, истрајност и верба во она што го правите.

Сепак, од друга страна, вашата љубопитност веднаш да го дознаете исходот, понекогаш спречува работите да се одвиваат како што би требало, па така погрижете се да го користите вашиот интелект, за да вашата вродена упорност надвладее над вашето повремено нетрпение.

Вие сте многу добродушно и љубезно лице, но понекогаш ви се чини дека тие две неверојатни карактеристики ја немаат потребната сила да остават траен впечаток. Бидете трпеливи и почекајте го резултатот. Ништо нема да ве чини на луѓето околу себе да им ја подарите атрактивната насмевка, која освојува и тешко се заборава.

Имате топло срце, силна голема моќ на привлекување, специфичен шарм. Интуитивно ги разбирате човечките желби и потреби. Имате свое темпо на живот и работа, а не поднесувате брзање и ненадејни промени.

Луѓето често вашата промисленост и одредена бавност ги толкуваат како мрзеливост и недостаток на интерес. Сакате да се движите по проверени, утврдени патеки. Добри сте борци, самоуверени, бестрашни и способни да влијаете на другите луѓе и ги поттикнувате на позитивни акциии.

Вие сте свесни за моќта на зборовите и како тие треба да се користат. Пазете се од своите негативни моќи, кога вашиот реформски дух станува духот на бунтот, па често наместо да поправате и проширувате, чувствувате желба да уривате и да уништувате, без оглед на можните последици.

Умеете понекогаш да бидете сурови, непопустливи и немилосрдни. Вашиот најголем подарок е смисла за настап. Ако го поврзете со шармот и вештините за управување, можете да направите чуда.