БЛИЗНАЦИ | Доблести и маани

1354

Близнаци – Зрачите со динамика, оптимизам и волја за живот. Вашето добро расположение делува заразно на околината.

Нешто необично во вашето однесување прави секогаш да делувате помладо отколку што навистина сте. Вие сте секогаш во потрага по забава, а средбите со луѓе се, за вас, најголемата забава. Оставата добар прв впечаток на луѓето како од шега, но ако сакате тоа чувство да опстојува, ќе треба да вложите екстра напор. Кај вас сѐ се прашање на момент.

Вие сте како ветер. Никогаш не се знае од каде “дува”. Бидете внимателни на другите да не им фрлате прав во очите. Штета би било да не ги видат сите ваши квалитети. Многу сте интелигентни.

Вие сте голем мислител. Вашиот ум е опремен со смисла за логика, добро забележува и заклучува. Одлични сте планери и организатори. Вие сте друштвени, гостопримливи, секогаш подготвени она што го имате да го споделите со другите. Вашата енергија е заразна и стимулативна. Конвенционални сте, но не и со тесни погледи, а при тоа и толерантни.

Вие сте голем шармер, расположението на друштвото често зависи од вашето, кога сте добро расположен, сите околу вас “пукаат од радост”, а кога не сте во елемент, количината на позитивната енергија во универзумот се намалува.

Кога не сте во согласност со себе, станувате премногу критични и лицемерни, па другите можат да добијат погрешна слика за вас и да го потценат вашиот квалитет. Уште нешто типично за вас. Поради нетрпението, и поради стравот од грешка, попрво се откажувате од некоја акција и со тоа пропуштате можност и со тоа оневозможувате некој свој успех. Тогаш на другите им се чините површни, и некој на кој можат да се потпрат. Вашиот карактер бара постојана активност, многу одговорност и негување на благородни квалитети, со цел да се одржи вашата ментална рамнотежа.