Ако мислевте дека вашиот мобилен телефон на површината крие колонија од опасни бактерии и микроорганизми, жал ни е да ви кажеме дека има нешто што е повалкано и од него.
Рачниот часовник на себе собира и до стотици пати повеќе микроорганизми отколку ВЦ-школката.
Најмногу бактерии собираат моделите од пластика и гума, познати како часовници за вежбање, но ситуацијата не е нешто подобра ниту со моделите со пластични, кожени или метални ременчиња.
Ако веќе ни влезе во навика одвреме-наврем да го чистиме мобилниот телефон, тоа треба да го правиме и со часовниците.
Водоотпорните лесно може да се исчистат со вода и благ детергент, додека за неводоотпорните модели треба да бидете повнимателни и да побарате упатство за нивно одржување.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















