Тајната на една мудра баба за долговечен брак

196

Си живееле еднаш една баба и еден дедо. По долг и среќен брачен живот веќе се во поодминати години.

Секогаш ги споделувале сите свои тајни и искуства, но постоело едно нешто што бабата уште од првиот ден кога стапиле во брак побарала од дедото да остане само нејзина тајна: никогаш да не ја отвори старата кутија од чевли која ја чува под креветот.

Дедото ја почитувал нејзината тајна и никогаш не ни прашал што има во кутијата. Мислел дека во неа има некакви женски работи, за кои бабата се срамела да ги сподели со него.

Еден ден таа се разболела и ја однеле во болница. Нејзината состојба се влошила и побарала од дедото да ја донесе кутијата. Време е да се открие тајната.

Дедото ја послушал бабата. Отишол до дома, ја зел кутијата и ја донел. Кога ја отворила, видел дека во неа има само две плетени кукли и многу пари.

„Но, од каде сега ова?!“ – збунето ја прашал, гледајќи во еден куп пари пред себе.

„Пред да се земеме мојата баба ми ја кажа тајната за среќен брак. Се состои од само едно правило: никогаш не се расправај со својот маж. Секогаш кога ќе те налути, а ти си подготвена да расправаш со него, седни и сплети една кукла“.

Срцето на старецот затрепери кога видел дека во кутијата имало само две кукли и му се чинело дека во текот на 50-годишниот заеднички живот само двапати ја налутил. Со солзи во очите нежно ја гушнал и ја бакнал.

„А од каде излегоа сите овие пари?“ – праша зачудено.

„Ах, да …“, се насмевна бабата, „тоа се парите кои ги заработив од куклите што ги продадов …“.