Жените се двапати посреќни кога се слободни

1578

Според истражувањата, жените се двапати посреќни кога се слободни!

Мажи, ако мислите дека сите жени сакаат да бидат во врска – грешите. Во суштина, истражувањата покажале дека жените се најсреќни кога се слободни.

Многу мажи денес жените ги третираат за објекти и ги третираат со малку или без почит, отколку што тоа било случај во минатото. Мувањето наоколу стана нормална работа, а напуштање на врската без никакво објаснување е нешто што мажите го прават без тронка совест.

Нивното чувство на машкост направи да веруваат дека жените бараат сродни души и дека им е потребна врска да се чувствуваат заштитени и среќни. Но, грешат.

Извештајот покажа дека 61% од жените во Британија се посреќни кога се слободни во споредба со 49% мажи. 32% од жените помеѓу 45 и 60 години се изјасниле дека се посреќни кога се слободни во споредба со 19% од мажите кои биле посреќни кога тие се слободни .

Покрај тоа, истражувањата покажале дека 75% од жените дури и не бараат врска.
Која е причината за тоа?

Постојат многу причини кои објаснуваат зошто жените се посреќни кога се слободни. Една од нив може да биде таа дека се ослободени од посветеноста и напорите потребни да се вложат во врската.

Друга причина можат да бидат сите оние пари кои ќе ги сочуваат кога се слободни. Во суштина, една канадска студија покажала дека просечните трошкови на една врска која води до брак изнесува околу 66,444 долари – овие пари се инвестирани во плаќања на состаноците, подароците, одморите, итн.

Значи, следниот пат кога ќе се чувствувате осамени сетете се на сите оние 75% од жените кои среќно уживаат во својот слободен живот!