По 50 години брак, таа му ја кажа вистината.
Мажот ја прашал својата сопруга, со која 50 години е во брак:
“Лела, наскоро ќе бидат 50 години од нашата венчавка, и постои нешто што цело време ме копка, а многу сакам да знам. По сите овие години, дали си ми била неверна?”
“Добро бе Саше, со тебе морам да бидам искрена … Да, ти бев неверна и тоа три пати во текот на овие 50 години … но секогаш со добра причина.”
Саше очигледно беше изненаден од искреноста на неговата сопруга, но сепак со треперлив глас собра сила да продолжи: “Никогаш не сум се сомневал, но дали можеш да ми кажеш што мислиш под тоа “добра причина”?”
Лела седна на крајот од троседот и гледајќи го право во очи му одговори: “Првиот пат беше краткотрајна афера кога само што бевме венчани, и кога бевме на работ да ја изгубиме нашата мала куќа, затоа што немавме пари за хипотеката. Се сеќаваш ли на онаа ноќ, кога отидов да се видам со банкарот и следниот ден те информира дека кредитот ќе биде продолжен?”
Саше ја наведна главата гледајќи во подот помеѓу двете папучи и со срамежлив глас ѝ се обрати: “Ова можам да ти го простам, ја спаси нашата куќа. А вториот пат?”
Лела не чекаше многу: “Се сеќаваш ли кога беше многу болен, но немаше пари да ја платиш операцијата на срцето која ти беше потребна?” Па, една ноќ отидов кај докторот и тој ја направи операцијата без надомест”.
“Тоа го направи за да го спасиш мојот живот? Ооо ! Се разбира дека ќе ти простам.” Целиот во исчекување Саше поцрвене и некако преку рамо проговори низ заби вртејќи ја главата на страна: “А, сега ќе ми кажеш ли за третиот пат”.
“Добро”, вели Лела. “Се сеќаваш ли кога се кандидира за претседател на фудбалскиот клуб, па ти требаа 43 гласа повеќе …?”
Саше се онесвести …