Дошле по пијачка, а продавачката не знае за себе

135

Во доцните ноќни часови едно руско весело друштво навратило во продавница за пијалоци да докупи уште алкохол. Но, она што таму го затекнало ги спречи да испазаруваат.

Имено, на пултот седела задремана продавачка плус и „дрво“ пијана. Кога ја разбудиле таа едвај нешто кажала, а празното шише и истурениот пијалок по пултот биле јасен знак што тука претходно се случувало.

Дојдената екипа не отстапувала од купувањето па по неколку секунди пијаната продавачка паднала на под и повеќе не можела да се крене.