Еве како работи женската логика

215

Решив да направам лесна вкусна салата, да ја израдувам фамилијата. Пилешка салата. Ми остана малку варено пилешко од вчера, и така никој нема да го јаде.

По рецепт во оваа салата оди ананас од конзерва. Искористив парчиња ананас, но сокот остана. Да го испијам? Нема. Да го истурам? Жал ми е.

Се сетив на некои рецепти за колачиња, таму баш им е потребен сок од ананас. Направив колачиња. Но, за нив потребни се само жолчки од јајца, белките останаа. Да ги фрлам – жал ми е … Но, ако ги оставаам во фрижидер, пак на крајот ќе ги фрлам …
Ми текна! Можам да направи пуслици. Лесно, брзо и вкусно! За подготовка користев и рендана корка од лимон. Остана ќелав мојот лимон … Ако го оставам така, брзо ќе се исуши. И што сега да правам со лимонот? Аха, ми текна, ќе се направам убав сос за салата.

За сосот искористив половина кромид. Втората половина стои и гледа во мене … Што да правам со неа? Можам да направам вкусен сос за шпагети. Во фрижидерот најдов шише варени домати од сопствено производство – салца. Половина употребив. Што да правам со останатото? Ќе ми биде жал ако пропадне … Се напатив многу минатата година, додека ја подготвав … Природна, без конзерванси, не ќе може долго да стои на отворено.

Малку размислував, решив да сварам зелка. Но, за жал, ја немаше дома. Брзо се облеков и скокнав долу до продавница.

Купив зелка, цвекло, компири, павлака, паста за заби, чорапи (беа на акција), папучи (исто така по намалена цена), паковање сапун, за секој случај … Враќајки се дома наминав до банката, ги платив сметките, по пат ги собрав чевлите (беа на поправка кај чевларот), на деца им купив свежи кроасани во пекарницата … Едвај се довлеков до дома. Ја сварив зелката.

Повеќе не обрнував внимание дали нешто останало … Паднав во фотеља, грбот боли, нозете ми паѓаат, рацете не ги чувствувам … И си мислам, што е будала сум јас! Подобро да си го испиев сокот од ананас!

Дали се препознавате во оваа приказна?