Мајка на своите деца им поставувала прашања, а тие успеале во животот.
Што прават повеќето родители секоја вечер пред спиење,? Им читаат бајки на децата.
Но, тоа не е најдоброто нешто што можат да го направат за своите деца. Постојат работи кои се поважни за развојот и растот, како и за мирен сон на децата, а тоа се прашањата кои можете да им ги поставите. Здравата комуникација е клучна за доброто здравје. Таа им овозможува на родителите да воспостават подобар и поквалитетен однос со своите деца. Затоа ви препорачуваме секоја вечер пред спиење да им ги поставите на децатата следниве прашања:
- “Која е причината за твојата насмевка денес?”
- “Што те расплакало?”
- “Што си научил/ла денес?”
Со помош на овие три прашања, вашите деца ќе се отворат и ќе почнат да зборуваат за важни работи. Заедно ќе се смеете, ќе плачете и ќе се потсетувате на моментите кои го одбележале денот, но и подоцна, неделата и годината. Децата ќе бидат горди на она што научиле во текот на денот, а вие задоволни што сте вклучени во нивниот развој и раст. И покрај тоа што изгледа како едноставно, ова е многу сложено и отвора многу нови теми кои можете да ги искористите за разговор со децата.
Пред сè успевате, заедно со децата, да учите како правилно да комуницирате. Децата активно ќе учествуваат, ќе се чувствуваат добро и безбедно, но, исто така, и повикани да зборуваат за своите проблеми. Тоа директно ќе влијае и на нивното опуштање, подоцна во животот, за уште потешки теми. Ќе ги поттикнувате на нивната креативност и ќе ги научите на важна животна лекција која гласи: “Никој не е совршен и грешките се дел од животот”. По разговорот со вас, децата ќе се чувствуваат ослободени од притисок и емоции, било да се работи за позитивни или негативни, а тоа многу позитивно влијание врз нив.
Им овозможува да го вежбаат својот израз, да ги вербализираат емоциите и активно да учествуваат во разговорот. Покрај тоа, оваа игра не мора да биде еднонасочна, туку после нивните одговори и вие можете да кажете што денес ве натерало да се насмеете, што ве расплакало, а што сте научиле. Секоја вечер можете да водите белешки, за да ги споредите успесите од претходниот ден, неделата или месецот. Тоа нека биде вашата семејна игра која ја играте секоја вечер, а која има долгорочен ефект на вашиот развој врз односите во семејството.
Лесно е, нели? Само три прашања. Што ве направило да бидете среќни, тажни или лути денес? А што сте научиле? Ние веруваме дека одговорите ќе бидат креативни и забавни. Секој од нив на свој начин.



















