Промоција на книгата “Дремката на облакот”- хаику од Софија Бислимоски

59

На 12.06 2019, во книжарницата на Литература.мк во Скопје со почеток во 19:30 часот, ќе биде промовирана книгата „Дремката на облакот“- хаику од ,младата поетеса, Софија Бислимоски.

Проектов е изработен во текот на оваа учебна 2018/2019, на часовите за креативно пишување во „Арс вивенди“- студио за креативно пишување, под менторство на Дијана Петкова. Збирката содржи осумдесет хаику песни, а сликата за корицата ја изработи сестра ѝ на Софија, Нена Бислимоски. Промоторка и рецензентка е, д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет, каде што предава Современа македонска книжевност и Литература за деца.

Издавач е Либи, дел од Арс Ламина-публикации, а збирката ќе биде објавена во рамките на едицијата Млади креативци.

Стиховите ќе ги чита авторката.

Софија Бислимоски е родена во Скопје.
Минатата 2018 беше плодна за Софија. Таа освои Гран при за поезија, на литературниот конкурс „Моќта на читањето – Климентова животна сила“.На 6. меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Михајло Ковач“ – Нови Сад доби прва награда, а на 9. меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „ Војислав Деспотов“ во Нови Сад во Србија, беше второнаградена,
Коавторка е на книгата „Тивките сили на духот“, а по објавувањето на збирката поезија „Мисли молкома“ , минатата година, ова е нејзина втора книга.
Песните на Софија се објавени и во дневниот весник „Нова Македонија“ во прилогот за деца „Колибри“.
Учи и жевее во Скопје.

Дијана Петкова