За да се подмладиш, треба да учиш и да искачуваш скали

91

Канадски научници открија директна врска помеѓу искачените од човек скалила, годините, во кои учел, и возраста на неговиот мозок.

Секоја година помината во учење, ја намалува возраста на мозокот речиси со година, а секој кат скали секојдневно – со 0.58 години.

Тоа значи дека ако човек искачува четири ката секој ден, возраста на неговиот мозок ќе се намали за повеќе од две години, а пет години дополнително образование ќе го подмлади со уште пет години, соопшти БТА.

“Истражувањето покажува дека образованието и физичката активност се одразуваат на разликата меѓу физиолошките прогнози за возраста и хронолошката возраст, како и дека луѓето можат активно да направат нешто за добрата состојба на мозокот”, рече Џејсон Стефнр од универзитетот Конкордија.

Научниците истражувале мозоци на 331 здрави доброволци на возраст од 19 до 79 години со магнетна резонанца, со кој се мери количеството сива маса. Неговото намалување е видлив знак за стареењето.