Сутлијаш

130

Сутлијашот е еден од најстарите десерти коишто се подготвуваат од ориз. Се подготвува со млеко, но кога нема млеко, оризот може да се вари само со вода и тогаш десертот се вика зерде.

Потребно состојки

  • Ориз,
  • млеко,
  • шеќер по вкус,
  • пакетче ванилин шеќер,
  • чоколада за готвење,
  • цимет
  • нане.

Подготовка

  • Односот на оризот и млекото е 1:4. Наместо четири дела млеко може да се употребат два дела млеко, а два вода.
  • Во тенџере се ставаат млекото (млекото и водата) и шеќерот да зовријат, па се додава оризот и постојано се меша додека да се згусти.
  • При крај се додава ванилин шеќер.
  • Откако ќе се свари, содржината треба малку да одмори во тенџерето, па потоа се истура во чинии и озгора се ренда чоколадо, се наросува цимет и се додава неколку ливчиња нане.