Што не знаеме за парфемите за коса?

66

Широко распространетите, иако значително поскапи и во голема мера луксузни, женски парфеми за коса се еден од задолжителните компоненти на козметичката индустрија веќе некое време наваму.

Додека дезодорансите за коса се на пазарот со години, нивните парфеми допрва влегуваат меѓу масовните корисници, но за сметка на тоа – со голема брзина.

За разлика од парфемите за тело, мирисите за коса се лесни и сосема безбедни за косата, а нивната главна функција е да ѝ обезбедат на фризурата мирис од различни ноти во текот на целиот ден.

Што прават?

Парфемите за коса ја освежуваат, тонизираат и одржуваат косата здрава. Лесни за употреба, овие козметички производи се формулирани на начин на кој лесно се впиваат и не оставаат траги и видливи знаци за своето постоење.

Некои видови се карактеризираат со својства како зацрвстување,виткање, внесување на обем и заштита на косата.Таков вид козметика е многу погодна за деновите во кои ќе се најдеме себеси без можност да измиеме косата и веќе сме користеле сув шампон.

Еден од основните квалитети на парфемите за коса е дека исто апсорбираат влага и ја одржуваат косата неподложна на временските услови.

Кои се придобивките?

Луксузните парфеми за коса содржат фактор за заштита од штетните UV зраци во својата формула. Тие одржуваат концентрат за пријатен мирис за подолг период на време, за разлика од шампоните и балсамтеи.

Во влажно време, што често носи со себе специфичен мирис во косата, парфемите се идеално решение.

Бидејќи се со лесни и пријателски формули, тие во никој случај не ја оштетуваат структурата на влакното.