Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
KOBE BRYANT, еден од најдобрите кошаркари во историјата оваа година ќе влезе во кошаркарската Куќа на славните, потврди претседателот на Куќата на славните во Naismithu, Jerry Colangelo. Церемонијата за класата на играчи во 2020 година ќе се одржи на 29 август.
„Се очекува оваа година да биде најепска од класата на играчи досега. Покрај Коби Брајант тука уште и Kevin Garnett и Tim Duncan. Коби ќе ја добие честа каква ја заслужува“, рече Colangelo.
Kobe Bryant will be a first-ballot enshrinement into the Naismith Basketball Hall of Fame class of 2020.
"Expected to be arguably the most epic class ever with Kobe, Tim Duncan and Kevin Garnett," HOF chairman Jerry Colangelo says. "Kobe will be honored the way he should be."
— Shams Charania (@ShamsCharania) January 27, 2020
Коби го загуби животот синоќа во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Тој и неговата 13-годишна тргнале на утакмица, а со нив патувале уште девет други луѓе. Никој не ја преживеа несреќата.
Кариера за паметење

Брајант важеше за еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња. Тој ја помина целата своја 20-годишна кариера со Лос Анџелес Лејкерс освојувајќи пет титули во НБА шампионатот (2000, 2001, 2002, 2009, 2010), два пати бил МВП на финалето (2009, 2010), еднаш како МВП на сезоната (2008), дури 18 пати е биран во Ол-стар тимот, а 11 пати бил член на најдобрите пет во сезоната.
Има освоено златен медал со репрезентацијата на САД на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година и четири години подоцна во Лондон.
Тој ја заврши кариерата во април 2016 година, одиграл 1.346 натпревари рушејќи голем број на рекорди. Со постигнати 33.643 поени, тој е рангиран на четвртото место на скалата на сите времиња, а пред него се само Kareem Abdul-Jabbar (38.387), Karl Malone (36.928) и LeBron James (33.655). За сета оваа играчка кариера има забележано 7.047 скока и 6.306 асистенции.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Gepostet von Visual's Art manipulation's am Montag, 27. Januar 2020



















