Како Коби му помогна на Ѓоковиќ да се врати на светскиот врв

1500

Спортскиот свет на се збогува со трагично починатиот Kobe Bryant. Така и ATP потсети и на изјавите на Новак Ѓоковиќ и на легендарната „Црна Мамба“ за тоа како митскиот кошаркар му помогнал на српскиот тенисер да најде излез од кризата во која паднал и да се врати на врвот. Ѓоковиќ признал дека Коби бил еден од неговите ментори.

“Коби е еден од моите ментори. Имав неколку телефонски разговори со него. Секако, се видовме неколку пати во изминатите неколку години. Кога минував низ повредата на лактот, се борев ментално и емотивно да се справам со сите овие различни работи што ми се случуваа. Пад на АТП листата, а потоа враќање на врвот. Kobe беше еден од луѓето кои ми дадоа вредни совети и насоки да верувам во себе во овој процес“, рече Новак, додавајќи:

„Многу сум благодарен што бил тука за мене, како поддршка. Го сакам Kobe, кој не го сака? Тој е одличен човек и еден од најдобрите кошаркари, но и воопшто спортист на сите времиња“.

Bryant на US Open 2019 за ESPN откри дека му помагал на Новак на враќање кон врвот.

„Новак поминува низ следниот процес – „физички не сум таму каде што бев. Како да се прилагодувам?“.  Зборувавме за тоа многу, за прифаќањето на тоа што спотистот себе си си кажува “не сум она што бев“, изјави Kobe и додаде:

“Новак е мој човек. Имаме одлична и долга пријателска врска.”

Го знаеме крајниот резултат. По повредата на лактот, Новак се врати во победничката патека освојувајќи голем број титули, при што Kobe Bryant има огромна улога во тој процес.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.