Тројно-негативниот карцином на дојка сочинува околу 12% до 15% од сите карциноми на дојка и убива речиси четвртина од пациентите во рок од пет години по дијагнозата.
Вакцината против најагресивната и најсмртоносната форма на рак на дојка е чекор поблиску до примена, пренесува ScienceAlert.
Клиниката Clevelend во вторникот објави дека ја започнува првата експериментална студија врз луѓе со која се тестира вакцината направена да го спречи т.н. тројно-негативниот карцином на дојка, кој моментално не реагира на хормонски или насочени терапии и лекови и може да се спречи само со мастектомија (хируршко отстранување на дојката).
Превентивна вакцина во иднина
Досега, развојот на вакцината против тројно негативниот рак на дојка бил ограничен на лабораториски експерименти и истражувања на животни. Испитувањата на луѓе конечно може да започнат бидејќи американската Администрација за храна и лекови ја одобри истражувачката употреба на новиот лек.
Студијата ќе опфати само тројно-негативни преживеани од рак на дојка кои се изложени на висок ризик за повторување, но научниците се надеваат дека во иднина ќе можат да вакцинираат здрави луѓе со висок ризик за оваа болест, како што се оние со мутации во генот BRCA1.
„Долгорочно, се надеваме дека ова би можело да биде вистинската превентивна вакцина што ќе им се даде на здрави жени за да се спречи тројно-негативниот рак на дојка, форма на рак на дојка за која имаме најмалку ефикасни третмани“, рече водечкиот автор д-р G. Thomas Budd.
Целно дејство на протеини
Тројно-негативниот карцином на дојка сочинува околу 12% до 15% од сите карциноми на дојка и убива речиси четвртина од пациентите во рок од пет години по дијагнозата. Почеста е кај Афроамериканките и кај оние со BRCA1 мутации.
Присуството на одреден протеин, α-laktalbumin, обично ја придружува болеста, иако тоа треба да се појави само кога жената дои. Затоа, вакцината ќе го таргетира овој протеин, кој ќе го стимулира имунолошкиот систем да спречи појава на тумори на дојката кои го изразуваат. Вакцината содржи и лек кој го ќе предупредува имунолошкиот систем за α-laktalbumin за да може да го спречи формирањето на тумори.
Студијата ќе опфати 18 до 24 пациенти кои повеќе немаат тумор по третман за тројно-негативен рак на дојка во рана фаза во последните три години. Ќе примат три инјекции, секоја со разлика од две недели. Истражувачите ќе започнат со мали дози само кај неколку пациенти и внимателно ќе ги следат пред да ја зголемат дозата и да вклучат повеќе учесници.
Примена на други видови тумори
„Откако ќе разбереме колку вакцини можеме да дадеме на испитаниците, ќе ги одредиме нејзините ефекти врз имунолошкиот систем. Ова ќе ни помогне да знаеме дали вакцината го прави она што сакаме да го направи, а потоа ќе ја зголемиме секоја доза“, објасни д-р Budd.
Се проценува дека студијата ќе биде завршена во септември 2022 година.
„Оваа стратегија за вакцинација има потенцијал да се примени и на други видови тумори. Нашата преведувачка истражувачка програма се фокусира на развој на вакцини кои спречуваат болести кои доаѓаат со возраста, како што се ракот на дојката, јајниците и ендометрија. Доколку се успешни, овие вакцини може да го трансформираат начинот на кој го контролираме ракот што се јавува кај возрасните и го продолжуваме животниот век на начин сличен на ефектот што го имала програмата за вакцинација во детството“, заклучува авторот на студијата.