Тесла одамна ги открил трите клучни навики без кои неможел да успее ! „Мојот метод е поинаков“

218

Никола Тесла е еден од најистакнатите научници во историјата.

Тој е добро познат по неговите револуционерни придонеси во областа на електротехниката и физиката. Неговиот гениј ги карактеризира 19 и 20 век, а многумина се запознаени со неговиот лик и дело.

Најпознатиот придонес на Тесла е во дизајнирањето на електричниот систем на наизменична струја, но дополнително неговото име е на околу 300 патенти на најразновидните пронајдоци. Во текот на животот, инаку, постојано работел на проекти и често ги реализирал до крај.

Генијалецот од Смилјан во последните години е предмет на зголемен интерес кај светската јавност, а редовно се извлекуваат интересни факти од неговиот живот. Така, своевремено излегла интересна листа на навики кои му помогнале во неговите исклучителни достигнувања.

Ова се неговите трикови и препораки:

Добро размислете пред да направите нешто

Никола Тесла често велел дека може да замисли машини и ретко правел нацрти пред да почне да работи на нивната изградба. Овој процес на визуелно размислување не е карактеристичен за сите луѓе, но основната идеја е дека треба едноставно да се концентрира на финалниот производ. Креативното размислување често бара од вас да се опуштите и да работите на проблемот во вашата глава.

Во својата автобиографија, Тесла го опишува процесот вака:

„Мојот метод е различен. Не брзам со конкретна работа. Кога ќе добијам идеја, веднаш почнувам да ја градам во мојата имагинација. Ја менувам конструкцијата, правам поправки и управувам со машината во мојата глава. Мене целосно ми е небитно дали ќе ја тестирам турбината во глава или во работилница. Забележувам дури и ако не ми оди добро. Нема разлика, а резултатот е ист“.

Големиот научник не е роден со овие вештини, туку како дете правел одредени вежби за да си го подобри мозокот.

Одете на прошетка

Познато е дека одењето на кратка прошетка има свои придобивки кога е креативноста во прашање. Се чини дека Тесла е на истото мислење и иако неговите прошетки станале дел од опсесивно компулсивно однесување, тој имал неколку „еуреки“ во тие моменти. Еден од нив му ја донесе идејата за наизменична струја.

Во 1881 година, Тесла се преселил во Будимпешта, опоравувајќи се од нервен слом и додека шетал со пријател во паркот и рецитирал поезија, одеднаш му се појавила идеја за наизменична струја.

Работете сами на проблемите

Како и многу иноватори и креативни ликови, Тесла ја застапувал тезата дека треба да се биде сам додека се создава и размислува. Ова е еден од неговите познати цитати:

„Умот е поостар и поконцентриран во самотија и непрекината осаменост. За размислување не е потребна некоја голема лабораторија. Оригиналноста доаѓа од осаменоста ослободена од влијанија кои го оштетуваат нашиот креативен ум. Бидете сами, тоа е тајната на пронаоѓачите, бидете сами, тогаш се раѓаат идеите“.