По 13 спонтани абортуси, ѝ се случило чудо

1562

Лора Ворсил од Велика Британија од 2008 година се обидувала да остане бремена, но и покрај 13-те неуспешни бремености, таа не се откажала.

Единаесет бремености завршиле во првите три месеци, а двапати имала предвремени породувања во шестиот месец. Таа и нејзиниот сопруг Дејв знаеле дека нешто не е во ред, но не се откажале од својата желба да се реализираат како родители.

Лора страда од синдром познат како „леплива крв“, кој е автоимуна болест што често предизвикува губење на плодот кај жените. Тие се обиделе со секакви лекови, учествувале и во програми за тестирање на медикаменти за ретки болести, а две бремености ја надминале 12-тата ризична недела.

Сите наоди од анализите покажувале дека нејзиното тело едноставно, се бори против бременоста. Сепак, не се откажала бидејќи чувствувала дека мора да се обиде уште еднаш.

Со помош на редовна терапија за потиснување на имунитетот, Лора се породила во 24-та недела, а бебето било во инкубатор три недели. Иако малата Ајви била болежлива, таа успеала да се избори и да преживее. Сега има девет месеци, а нејзините родители се пресреќни што ја имаат.