Нозе без целулит

89

Поранешниот топ-модел Ел Макферсон и на 55-годишна возраст гордо го носи прекарот „телото“ и дефинитивно може да им одржи лекција на своите помлади колешки во врска со одржувањето на младоликиот и беспрекорен изглед.

Нејзините тајни со години се истите: таа практикува винјаса јога, спие најмалку по седум часа, но не повеќе од осум, пие вода и посетува инфрацрвена сауна.

Но, како што и самата тврди, најдобри резултати постигнала откако започнала со алкална исхрана.

Претходно консумирала и шеќер, сол и пченично брашно, но откако е на алкална исхрана, од 2017 година, нејзините нозе веќе никогаш не покажале знаци на целулит.

Исто така, практикува и најмалку еднаш во неделата да вежба во природа, да лежи на под и да ги истегнува нозете на ѕид. Се тушира наизменично со топла и ладна вода, а двапати месечно практикува и антицелулитен пилинг.

Често применува ароматерапија од лаванда и камилица, а против „тешките“ стапала се бори со магнезиумски купки за педикир.