Никогаш повеќе нема да погрешите – Еве како да одберете совршена лубеница

495

Кој не ја сака лубеницата? Повеќето луѓе се опседнати со овој вкусен и освежувачки  плод.

Сепак, за многумина од нас, изборот на сочна, целосно зрела и слатка лубеница се сведува на чиста среќа или нагаѓање.

Сепак, тоа не мора да биде така, ако само малку обрнете внимание на неколку суштински работи при изборот на лубеница. Всушност, можете да дознаете дали лубеницата е зрела и без сечење или проби.

Ова се советите од искусни земјоделци кои ќе ви помогнат да ја изберете најдобрата лубеница досега.

Пронајдете ја жолтата дамка

Жолтата дамка е местото со кое лубеницата ја допирала земјата. Зрелите лубеници секогаш имаат жолта, некогаш дури и портокалова дамка, а не бела.

Побарајте ги “лузните”

Овие темни дамки кои наликуваат на мрежа покажуваат дека пчелите многу пати ги допреле цветовите. Колку повеќе полен, толку поблаго е овошјето.

“Машка” и “женска” лубеница

Многу луѓе не знаат дека фармерите ги разликуваат лубениците по пол. На пример, “машките” се поголеми и издолжени, и малку поводени. “Женските” од друга страна, имаат топчеста форма и се многу поблаги.

Обрнете внимание на големината

Не ја одбирајте најмалата или најголемата лубеница. Друго важно нешто: Лубеницата секогаш треба да биде потешка отколку што изгледа.

Погледнете ја убаво петелката 

Исушената петелка укажува на зрела лубеница. Од друга страна, зелената петелка покажува дека лубеницата е набрана прерано и дека не е зрела.