Одамна помина времето во кое темата за сексот беше табу. Денес постојано зборуваме за тоа колку често го правиме, каде, кога, со кого …
Ново истражување ќе ви даде уште материјал за размислување. Според него колку често еден пар има секс зависи од личносните карактеристики на жената.
Истражувањето е направено од универзитетот во Флорида. Во него учествувале 278 парови. На секој бил изготвен личен тест и во тек на 2 недели требало да води дневник со активностите и дали имаат секс или не.
Прашувајќи ги колку пати имале секс паровите во овој двонеделен период, просекот бил меѓу два и четири пати.
Но кои парови имаат највеќе секс? Излегува дека тоа биле оние во кои дамите се отворени за експерименти. Овој факт кај мажите, за жал не влијае врз односите. Па, очигледно дамите навистина ги држат уздите во свои раце, веќе е докажано!
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.