Како живееле сексуалните работници во Руската империја

255

Девојка без минато, со неизвалкана репутација, но без никакви средства, сака да даде сè што има, на на оној кој ќе плати 200 рубли – сличен тип реклама односно оглас не било реткост во петербургскиот печат во почетокот на 20 век.

Љубовта била целосно легален бизнис. Дамите жолто до XVIII век проституцијата во Русија во принцип била забранета.

Со декрет на Сенатот од 1736 година блудниците требало да бидат елиминирани. Но за време на владеењето на царицата Елисавета Петрова во Петербург се појавил првиот бордел – отворен од Германка во богат дом. Набрзо требал да биде затворен – една од девојките се жалела, бидејќи под принуда тоа го правела.

Во времето на Екатерина II отворањето на бордели било можно само во одредени населби во главниот град. Дури Суровиот Павел I не ги забранувал. Тој, сепак, наредил проститутките да носат жолт фустан.

Да се отвори бордел можело само со дозвола на полицијата. Не беше дозволено во нив да работат помлади од 16 години. Самата газдарица требало да биде барем 30 години и не повеќе од 60 години. Забрането било прием на клиенти во недела и на празници. Откако ќе поминело времето за ручек, забраната не важела.

Од 1843 година проституцијата во Руската империја станува сосема легална. Меѓу другите грижи на полицијата било да се ловат “безнадзорни” свештенички на љубовта и да се регистрираат и да се подложуваат на медицински преглед. Поради тоа во многу од големите градови биле создадени специјални медицинска-полициски комитети.