„Оживејте“ ги домашните билки со помош на овој трик

146

Една жена го откри овој одличен трик со чија помош можете да ги „оживеете“ домашните билки кои малку се исушиле и започнале да венеат.

Понекогаш не е доволно само да ги полевате билките, но една едноставна состојка може да ви помогне побрзо да ги „подигнете“.

Мешавината на вода и горка сол (епсом сол) со која ќе го „истуширате“ цвеќето ќе го направи посреќно, напиша една Австралијанка покрај фотографијата од своето цвеќе кое го оживеала со овој трик.

Горката сол или епсом сол која може да ја купите во аптека е богата со магнезиум сулфат, кој го поттикнува производството на хлорофил, додека топлата вода ги убива штетниците во земјата.

Кога билките ќе дехидрираат, листовите започнуваат да овенуваат, да се сушат и да опаѓаат. Водата е инаку дел од структурата на билките и помага тие да бидат исправени и здрави. Полевањето секако ќе им помогне на билките, но горката сол ќе ја збогати билката со магнезиум сулфат.

Магнезиумот сулфат му помага на семето подобро да изрти, на билката да биде погуста, да има повеќе цветови, го поттикнува производството на хлорофил и ги уништува штетниците.

Препораката е инаку на 3,7 литри вода да ставите две лажици горка сол и со оваа мешавина да ги прскате билките по листовите еднаш месечно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.