Дворот и терасата може да ги претворите во “рај на земјата”

185

Дворот и терасата за време на пролетниот, летниот и есенскиот период се како дополнителни простории, а без големо вложување и луксуз, но со малку напор, може да се претворат во “рај на земјата” во кој ќе го поминувате поголемиот дел од времето.

Без разлика дали имате мал или голем двор, House & Garden препорачува да им кажете “не” на досадните бетонски плочи, односно да се обидете со традиционално поплочување или мозаик калдрма. Во продолжение ви покажуваме неколку фасцинантни идеи за дворот.

Уметност за поплочување

Поплочување на двор во една градска куќа во Брај, на истокот на Ирска, беше одличен пофат кој резултираше со фасцинантен и значаен двор.

Чакал и шармантна клупа

Дворот на куќата во Нов Јужен Велс, кој му припаѓа на Камерон Кимбер е прекриен со чакал како подлога. Шармантната клупа и саксии со цвеќиња претставуваат добредојде за влез во куќата.

Поплочување со црвени тули

Традиционално поплочување со црвена тула донесе топлина во дворот во Нотинг Хил, кој е во сопственост на ресторанот Балтазар.

Тераса на кров во Лондон

Архитектот Алан Хигс, зградата на пивница во Лондон ја претвори во елегантна тераса на кров. Избрал едноставен дрвен под, а посадените стабла во саксии ја разубавуваат целата тераса.