Нумерологија | Кој е вашиот ангел чувар?

4762

Објавено July 15, 2016. Прочитано 23642

Во сите големи монотеистички религии се зборува за ангелите. Тие се претставени како духовни, натприродни и бестелесни суштества кои не јадат и не пијат, не се раѓаат и не умираат. Тие се присутни во многу религии чија должност е да му служат на Бога.

Верниците на сите религии им се обраќаат на анѓелите чувари за заштита и помош. Во православната религија постојат седум архангели: Михаил, ангелот на победата и судот; Гаврил, весник на божествените тајни; Рафаел, утешител на ожалостените и исцелител на болните; Уриел, просветител на неверниците; Салатил, ангелот на молитвата; Јехудил кој се грижи за небесната награда на лојалните и Варахил која на луѓето им носи благослов и благодет Божја.

Во Католичката вера, исто така, се зборува за седум архангели, од кои првите три се најмоќните: Гаврил, Михаил, Рафаел, Уриел, Јехудиел, Сеалтиел и Варахел.

Сепак, древните езотерични листи наведуваат девет ангели, мешајќи ги и еврејските и кабалистичките извори. Тоа се: Ariel, Chamuel, Gabriel, Haniel, Jophiel, Metatron, Mihael, Rafael, Uriel.

Нумерологијата препорачува да дознаете кој ангел ве чува и нему да му се обраќате за помош кога ви е потребна. За таа цел, потребно е да го пресметате своето име со помош на броеви.

Секоја буква е поврзана со некој број:

А, И, Ј = 1

Б, К, Р = 2

Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3

Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4

Е, Х, Н, Њ, X = 5

У, В = 6

О, З, Ж = 7

Ф, П = 8

Напишете го вашето име и презиме и на секоја буква приклучете еден број. Соберете ги и ако сте добиле број со повеќе цифри, соберат ги повторно, сѐ додека не добиете резултат со едноцифрена бројка. Потоа дознајте кој е вашиот ангел чувар!

Ангелски број 1 – Ариел

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2