Љубов за сите времиња | 25 години од смртта на сараевските Ромео и Јулија | Видео

599

 Никој толку не се сакал како нив двајца ….

На 30 јули пред 25 години, загинале Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ.

Приказната за Бошко и Адмира, е приказната за Сараево и љубовта пред знамињата. Се запознале во годината на “Олимпијадата во Сараево”, кога нешто посебно светело во овој град.

Заедно поминале девет години. Фактот дека Бошко бил Србин и Адмира Бошњак не било пречка за нив ниту за нивните родители.

Кога избувнала војната во 1992 година, родителите на Бошко го напуштиле Сараево. Мајката Рада го молела да оди со неа, но тој не сакал да ја напушти својата Аадмира. Тие верувале дека војната брзо ќе заврши и дека ќе победи доброто.

За Бошко и Адмира снимен е и документарен филм во режија на John Zaritsky, во копродукција со PBS’s Frontline, National Film Board of Canada i WDR.

За жал, не го дочекале крајот.

Животот на Бошко станал тежок во Сараево. Некои велат дека психички го малтретирале. Адмира и тој сфатиле дека сакаат да ја зачуваат својата љубов и да заминат од Сараево.

Во мај 1993 година, помеѓу Армијата на РС и Армијата на РБиХ, било договорено дека овој пар ќе биде пуштен на другата страна, односно дека ќе може да го премине мостот на Врбања до Грбавица.

Мајката на Адмира Нејра плачела, а таткото Зијо не сакал да зборува, бидејќи не се согласувал да заминат. Но, Адмира не сакала да го напушти Бошко. Тие тргнале на 18. мај 1993. година.

Американскиот новинар Курт Шорк, кој на светот ја пренел приказната за нивната трагична љубов, во 1993 година за Ројтерс напишал дека функционерите од двете страни се согласиле да ги пуштат да ја преминат линијата на демаркација.

Бошко и Адмира оделе најмалку 500 метри по десниот брег на реката Миљацка, пополно следени од погледите на војниците од двете страни. По преминувањето на линија под контрола на босанската страна и кога се упатиле кон Грбавица под српска контрола, некој ги сатрелал, напишал Шорк.

Бошко бил погоден од снајпериски куршум и веднаш починал. Потоа и Адмира била погодена, но, иако смртно ранета, собрала сила да доползи до нејзиниот Бошко, го прегрнала и починала.

Оваа слика го обиколи целиот свет, а Си-Ен-Ен ги нарече сараевски Ромео и Јулија. Нивните прегрнати тела од улицата биле тргнати дури по осум дена. Погребани се на гробиштата во Лукавица.

По војната, во 1996 година, а можеба на Адмирините родители, нивните тела биле префрлени во Сараево и погребани на гробиштата Лав. Истрагата за убиството на Адмира и Бошко никогаш не била спроведена и нивниот убиец никогаш не бил откриен.

Групата Забрането пушење во 2013 година сними песна за големата љубов на Бошко и Адмира.

“Ma kakva Julija, ma kakav Romeo? Nitko se nije tako volio”, се пее во песната.

Бонус видео:

bosanski.com