Зошто жените почесто се одлучуваат за развод отколку мажите

745

Раскинувањето на врската еднакво го иницираат и мажите и жените, но за разводот статистиката е поинаква.

Новото истражување под водство на Мајкл Розенберг, професор по социологија на Стенфорд, потврди дека жените почесто иницираат развод на брак.

Според анализите на податоците собрани меѓу 2009 и 2015 година во анкетите во кои учествуваат над 2.500 парови, жените во 69 отсто од случаите, биле тие кои барале развод.

Интересно е каква е статистиката кај невенчаните парови, тука мажите и жените подеднакво преземаат иницијатива околу раскинувањето.

Социолозите долго и погрешно претпоставувале дека жените поради поголемата чувствителност потешко ги поднесуваат промените во бракот, но сега е откриено дека за развод сепак тие имат многу подлабоки мотиви.

Со иницирањето на бракот жените одговараат на конвенционалната улога на сопружниците, која се уште не се во согласност со промените во подрачјето на еднаквноста на половите. Омажените жени кои учествувале во истражувањето го изразувале своето незадоволство од квалитетот на бракот, во однос на врската, која ја имале со партнерот пред бракот.

– Бракот како институција не целосно ја прифаќа еднаквноста. Жените се уште го презимаат презимето на мажот, а голем број од нив тоа го прават под притисок. Мажите се уште очекуваат жената да ги извршува повеќето домашни работи и сама да се грижи за децата, изјави Розенфелд.