Клетви во кои веруваат различни раси и религии во светот

567

Клетвата мора да биде набиена со емоции и да има силна енергија за да се оствари. Различни раси и религии имаат свои клетви. Денес, тие постојат и зацврстени се само кај некои луѓе.

За клетвата или баксузот се верува дека се натприродни и обично се поврзуваат со некои видови божанства. Типовите на луѓе кои навистина веруваат во силата на пцовките се суеверни, а истовремено и религиозни.

Проклетството на дијамантот на надежта

Овој 112 -каратен дијамант пронајден е во Индија, каде наводно е украден од храмот на божицата Сита. Дошол во рацете на кралот на Франција, Луј 16-ти и го носеле принцезата де Ламбали и Марија Антоанета. На двете, заедно со кралот, им се отсечени главите во текот на Француската револуција. Многумина веруваат дека секој кој во иднина ќе биде сопственик на дијамантот ќе има страшна судбина.

Проклеството на камењата

Бјоркеторп каменњата се наоѓаат во Шведска и направени се во шестиот или седмиот век. На натписот на каменот пишува дека „оној кој ќе го скрши овој споменик ќе доживее подмолна смрт“. Во 15-от век некој се обидел да ги помести камењата. Запалил оган за да го скрши каменот, но на крајот огнот ја зафатил неговата коса под налетот на ветерот. Тој починал, а камењата останаа недопрени.

Проклеството на НФЛ видео игрите

Иако би требало да претставува чест, многумина играчи кои се појавиле на омотот на НФЛ видео играта после тоа имале лоша сезона. Или биле повредени или избледеле во заборав. Мајкл Вик, Донован МекНаб, Шаун Александер, Винс Јанг, Брет Февр, Трој Поламалу и Пејтон Хилис имале несреќна година во американскиот фудбал после појавувањето на омотот на видео играта.

Клетвата на Кенедиеви

Почна со претседателот Џон Кенеди кој е убиен во 1963 година. Потоа Роберт Кенеди е убиен во 1968 година. Сенаторот Тед Кенеди преживеа пад од авион, за подоцна да излета од мост и ја уби Мери Џо Копечни, со што завршени се негови соништа за кандидатурата за претседател. Синот на Роберт Кенеди почина поради предозирање, другиот син загина на скијање. Кенеди Јуниор загина во авионска несреќа заедно со сопругата и нејзината сестра. Последниот инцидент се случи кога Мери Кенеди се обеси.

Клетвата на Супермен 

Актерите кои имале чест да глумат во филмот Супермен на крајот имале секакви непријатности. Џорџ Ривс се самоуби, а Кристофер Рив остана парализиран после падот од коњ. Дејна Рив, сопругата  на Кристофер која била непушач, почина од рак на белите дробови на 44 години. Маргот Кидер, која ја глумеше Луис Лејн, страда од биполарно нарушување.

Клубот на бројот 27

Оваа клетва влијаела на талентирани музичари како што се Роберт Џонсон, Брајан Џонс, Дејвид Александар, Џими Хендрикс, Џенис Џоплин, Џим Морисон, Курт Кобеин и Ејми Вајнхаус. Сите тие биле надарени музичари кои починале на 27 години.