Кинеските научници прегледале податоци од 2.000 пациенти од болници во Вухан и Шенжен, вклучувајќи и повеќе од 200 смртни случаи.
Луѓето со крвна група А (II) се најподложни на инфекција со коронавирус, додека оние со нулта крвна група се најотпорни, се вели во студијата на група кинески научници објавена на веб-страницата medRxiv.
Според нивните податоци, меѓу жителите на Вухан, 34% од нив имаат крвна група 0, 32% тип А (II), 25% Б (III) и 9 % АБ (IV).
За да ги добијат овие информации, научниците ја анализирале крвта на 3.700 граѓани на Вухан кои не се заразени со коронавирус.
Од друга страна, најмногу заразени жители на Вухан (38%) се оние со крвна група А, додека 26,4% заразени се со крвна група Б, а 25,8% имаат нулта (0) крвна група. Најмалку пациенти, 10%, се оние со крвна група АБ.
Според студијата, најранливи се оние со крвна група А, додека најмалку погодени со вирусот СОВИД-19 се оние со нулта (0) крвна група.
За да ја тестираат нивната теорија, тие направиле контролна студија на 398 дополнителни пациенти од Вухан и Шенжен и добиле ист резултат.
СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!
Еве како да го подобрите вашиот имунолошки систем:
Најдобра одбрана од вируси е вашиот ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ – Еве како да го зајакнете! Видео