КОРОНА вирус и СОНЦЕ | Лекција од ПАНДЕМИЈА на грипот од 1918. година

3920

Свеж воздух, сончева светлина и импровизирани маски за лице се чини дека делувале и пред еден век; а можеби и сега ќе нѝ помогнат. Кога се појавуваат нови, вирусни заболувања, како што се САРС и Ковид-19, луѓето почнуваат да пронаоѓаат нови вакцини и третман на болните. Како што се развива сегашната криза, владите спроведуваат карантин и изолација, а јавните собири се забранети.

Здравствените службеници го користеле истиот пристап и пред 100 години, кога грипот се ширел низ целиот свет. Резултатите биле различни. Но, записите од пандемијата од 1918. година сугерираат дека една техника на борба против грип – малку позната денес – била ефикасна. Некое тешко стекнато искуство од најголемата пандемија во запишаната историја може да нѝ помогне во наредните недели и месеци.

Едноставно, лекарите откриле дека луѓето заболени од грип, кои се негуват надвор, на отворено , подобро се опоравуваат отколку оние кои се лекуваат во затворено. Се чини дека комбинацијата на свеж воздух и сончева светлина ја спречува смртта на пациентите; и појава на инфекција кај медицинскиот персонал. [1] Постои и научна поддршка за ова.

Истражувањата покажуваат дека надворешниот воздух е природно средство за дезинфекција. Свежиот воздух може да го убие вирусот на грип и другите штетни бактерии. Исто така, сончевата светлина е гермицидна и постојат докази дека може да убие вирус на грип.

„Отворен“ третман 1918. година

За време на големата пандемија, две најлоши места биле воените касарни и шатори. Пренатрупаноста и лошата вентилација ги става војниците и морнарите под голем ризик од грип и други инфекции кои често го следат. [2,3]

Како и кај сегашната епидемија „Ковид-19“, повеќето од жртвите на т.н. Шпански грип не умреле од инфекција, туку од пневмонија и други компликации. Кога пандемијата на грип стигнала до источниот брег на Соединетите држави во 1918. година, градот Бостон особено тешко бил погоден.

Така Националната гарда одредила итна болница. Најлошите случаи ги однеле меѓу морнарите на бродовите во пристаништето во Бостон. Лекарот во болницата забележал дека најтешко болните морнари биле во лошо проветрени простории. Затоа, тој им овозможил повеќе свеж воздух ставајќи ги во шатори, а на убаво време ги носеле од шаторите на сонце. Во тоа време вообичаена практика била болните војници да ги изнесуваат надвор.

Како што е познато, терапијата на отворено широко е користена за жртвите од Западниот фронт и станал третман за друга смртоносна респираторна инфекција на времето – туберкулозата.

Пациентите биле ставани надвор со нивните кревети да дишат свеж надворешен воздух или биле згрижени во одделенија со вентилација со отворени прозорци дење и ноќе. Режимот на отворено бил популарен сè додека не бил заменет со антибиотици во 1950.-тите.

Лекарите кои имале искуство со терапија на отворено во болницата во Бостон, биле убедени дека режимот е ефикасен. Тоа ја намалило стапката на смртност во болницата од 40 на околу 13 проценти. [4]

Изјава на генералот хирург на Државната гарда на Масачусетс: „Ефективноста на третманот на отворено е апсолутно докажана, а човекот само мора да ја открие неговата вредност“.

Свеж воздух е дезинфициенс

Пациентите кои биле третирани на отворено, имале помала веројатност да бидат изложени на заразните микроби, кои често се присутни во одделенијата во конвенционалните болници. Тие дишеле чист воздух во опкружувањето кое морало да биде претежно стерилно. Во 1960.-тите, научниците од Министерството за одбрана докажале дека свежиот воздух е природно средство за дезинфекција. [5]

Нешто во воздухот, (фактор на отворен воздух), е далеку поштетно за бактериите во воздухот – и вирусот на грип – од воздухот во затворен простор. Тие не можеле да утврдат точно кој е факторот на отворено. Но, тие откриле дека е ефикасен и во текот на ноќта и во текот на денот. Нивните истражувања исто така, откриле дека дезинфекциска моќ на отворено ниво може да се сочува во просториите – ако нивото на вентилација се одржува на доволно високо ниво.

Значајно е дека болничките одделенија со високи тавани и големи прозорци биле дизајнирани од оваа причина. [6]

Но, додека научниците го откриле сето тоа, антибиотската терапија го заменила третманот на отворено. Оттогаш, гермицидни ефекти на свеж воздух не се користат за контрола на инфекција или болнички услови. Сепак, штетните бактерии стануваат се поотпорни на антибиотици.

Сончевата светлина и инфекцијата на грип

Изложеноста на заразените пациенти на сонце можеби помогнала затоа што го деактивира вирусот на грип. [7] Исто така, убива бактерии кои ги заразуваат белите дробови и други инфекции во болниците. [8] За време на Првата светска војна, воените хирурзи рутински користеле сончева светлина за зараснување на заразените рани. [9] Тие знаеле дека тоа е средство за дезинфекција. Она што не го знаеле е дека една од придобивките од задржување на пациентите надвор на сонце е можноста да синтетизираат витамин Д во нивната кожа ако е доволно силна сончевата светлина. Ова е откриено дури во 20-тите години на минатиот век.

Ниското ниво на витамин Д сега е поврзано со респираторни инфекции и може да ја зголеми подложноста на грип. [10] Исто така, биолошките ритми на нашето тело се чини дека влијаат на тоа како ние се спротивставуваме на инфекции. [11]
Новите истражувања покажуваат дека тие можат да го променат нашиот воспалителен процес на вирусот на грип. [12] Како и со витаминот Д, во времето на пандемијата од 1918. година, важна улога на сончевата светлина во синхронизација на тие ритми била непозната.

Маска за лице, Корона вирус и грип

Хируршките маски во моментов се недоволни во Кина и на други места. Носени се пред 100 години, за време на големата пандемија, во обидот да се спречи ширењето на вирусот на грип. Додека хируршките маски можат да обезбедат одредена заштита од инфекции, тие се лепат на лицето, и не филтрираат мали честички од воздухот.

Во 1918. година, сите во болницата за итни случаи во Бостон кои имале контакт со пациенти, морале да носат импровизирана маска за лице. Се состоела од пет слоја газа поставена на жичана рамка која ги покривала носот и устата. Рамката е дизајнирана да одговара на лицето на носителот и да спречи филтерот на газа да не ги допира устата и ноздрите. Маските се менувале на секои два часа; правилно стерилизирани и била ставена свежа газа. Тие се претходница на N95 респиратори кои се користат денес во болниците за да го заштитат медицинскиот персонал од инфекции преку воздухот.

Привремени болници

Вработените во болницата одржувале високи стандарди за лична и еколошка хигиена. Нема сомнение дека ова играло голема улога во релативно ниските стапки на инфекции и смртни случаи таму пријавени. Брзината со која биле подигнати нивните болници и други привремени објекти на отворено за да се справат со налетот на пациенти со пневмонија бил уште еден фактор.

Денес, многу земји не се подготвени за тешка пандемија на грип. [13] Нивните здравствени услуги ќе бидат преоптоварени доколку ги има. Вакцините и антивирусни лекови можат да помогнат. Антибиотиците можат да бидат ефикасни при пневмонија и други компликации. Но, голем дел од светската популација нема да има пристап до нив. Доколку се повтори приказната од 1918. година или се влоши кризата „Ковид-19“, треба да се подготват готови оддели подготвени да се справат со голем број на сериозно заболени случаи. Многу свеж воздух и сончева светлина исто така, можат да помогнат.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

theghanareport.com

Д-р Richard Hobday е независен истражувач кој работи во областа на контрола на инфекции, јавно здравје и дизајн на згради. Тој е автор на книгата The Healing Sun.

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ!

Reference:

  1. Hobday RA and Cason JW. The open-air treatment of pandemic influenza. Am J Public Health 2009;99 Suppl 2:S236–42. doi:10.2105/AJPH.2008.134627.
  2. Aligne CA. Overcrowding and mortality during the influenza pandemic of 1918. Am J Public Health 2016 Apr;106(4):642–4. doi:10.2105/AJPH.2015.303018.
  3. Summers JA, Wilson N, Baker MG, Shanks GD. Mortality risk factors for pandemic influenza on New Zealand troop ship, 1918. Emerg Infect Dis 2010 Dec;16(12):1931–7. doi:10.3201/eid1612.100429.
  4. Anon. Weapons against influenza. Am J Public Health 1918 Oct;8(10):787–8. doi: 10.2105/ajph.8.10.787.
  5. May KP, Druett HA. A micro-thread technique for studying the viability of microbes in a simulated airborne state. J Gen Micro-biol 1968;51:353e66. Doi: 10.1099/00221287–51–3–353.
  6. Hobday RA. The open-air factor and infection control. J Hosp Infect 2019;103:e23-e24 doi.org/10.1016/j.jhin.2019.04.003.
  7. Schuit M, Gardner S, Wood S et al. The influence of simulated sunlight on the inactivation of influenza virus in aerosols. J Infect Dis 2020 Jan 14;221(3):372–378. doi: 10.1093/infdis/jiz582.
  8. Hobday RA, Dancer SJ. Roles of sunlight and natural ventilation for controlling infection: historical and current perspectives. J Hosp Infect 2013;84:271–282. doi: 10.1016/j.jhin.2013.04.011.
  9. Hobday RA. Sunlight therapy and solar architecture. Med Hist 1997 Oct;41(4):455–72. doi:10.1017/s0025727300063043.
  10. Gruber-Bzura BM. Vitamin D and influenza-prevention or therapy? Int J Mol Sci 2018 Aug 16;19(8). pii: E2419. doi: 10.3390/ijms19082419.
  11. Costantini C, Renga G, Sellitto F, et al. Microbes in the era of circadian medicine. Front Cell Infect Microbiol. 2020 Feb 5;10:30. doi: 10.3389/fcimb.2020.00030.
  12. Sengupta S, Tang SY, Devine JC et al. Circadian control of lung inflammation in influenza infection. Nat Commun 2019 Sep 11;10(1):4107. doi: 10.1038/s41467–019–11400–9.
  13. Jester BJ, Uyeki TM, Patel A, Koonin L, Jernigan DB. 100 Years of medical countermeasures and pandemic influenza preparedness. Am J Public Health. 2018 Nov;108(11):1469–1472. doi: 10.2105/AJPH.2018.30458