Љубов во време на коронавирус

513

Илјадници двојки низ цел свет склучија брачен сојуз без оглед на загриженоста поради коронавирусот. „Вооружени“ со заштитни маски, двојките ја запечатија љубовта на масовни свадби во Јужна Кореја и Филипини.

Љубовта не прекинува

Среќна невеста и среќен зет ја слават својата романтична свадбена масовна церемонија во Гачиеонг, град во северниот дел од Јужна Кореја. Свадбата се одржа на 7 февруари, пред во земјата да бидат откриени масовни случаи на коронавирусот.

Бакнежи преку маски

220 двојки во филипинскиот град Баколод на 20 февруари се заколнаа на вечна љубов на масовна венчавка и се бакнаа, но преку маски. „Поинакво е чувството кога се бакнуваш со маска, но бакнежот е дел од церемонијата“, изјави младоженецот Џон Пол за австралиските медиуми.

Ден на вљубените во кризни времиња

Оваа невеста во филипинската престолнина Манила носи заштитна маска и чека да тргне кон олтарот на масовната свадбена церемонија која се одржа на 14 февруари, на Свети Валентин, омилен ден за масовни венчавки во земјата. На Филипини досега се регистрирани неколку случаи на заразени со коронавирус и има еден починат.

Ах, љубов …

На масовна свадба во Јужна Кореја, според француската новинска агенција АФП, биле поделени 30.000 заштитни маски за лице на присутните двојки и нивните гости. Венчавката се одржала во Црквата на обединувањето, основана од Сун Мијунг Мун, кого следбениците го слават како месија.

Пресни младенци

Во Јужна Кореја беа откажани фестивали, прослави и концерти, зашто се стравуваше дека масовните собири ќе го поттикнат проширувањето на вирусите. Но пред љубовта, сите мерки капитулираа…

Избор – дали да се носи маска или не

Заштитните маски беа делени на масовните свадби, но учесниците и гостите имаа право на избор дали ќе ги носат или не – некои се одлучија да не ги стават.

DW